Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Предложен притвор за малолетникот кој прегази жена на Пластичарска

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот на возраст од 16 години, кое вчера прегази и усмрти жена на Пластичарска во Скопје.

Од ударот жената починала на самото место.

„ На 4 јуни, на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, детето во судир со законот управувало патничко моторно возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола, а брзината на движење на возилото не ја приспособил на условите кон својствата и состојбите на патот и кон густината на сообраќајот. Од тие причини, кога стигнал пред клучката Бит Пазар, не бил во можност навреме да го запре автомобилот и со предниот десен бочен дел од возилото удрил во телото на жена, која како пешак го поминувала коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од ударот, оштетената се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место“ соопшти обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител, оценувајќи дека постои опасност детето во судир со законот да се даде во бегство, да ја попречува постапката со влијание врз сведоците или да го повтори делото, на судијата за деца му предложи да определи мерка притвор.​

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +