Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Со лустери и плочки од 100.000 евра во Белиот дворец ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за животниот стандард

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е синоним за криминал и расипништво, партија што стана најбогатата во Европа на грбот на граѓаните, нема никаков кредибилитет да зборува за животниот стандард, реагираат од СДСМ.

„ Од скромна жолта куќа направија бела палата, во која има кинески лустери од 22.144 евра, подни плочки од 102.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.125 евра. Лагите и манипулациите што ги пласира оваа партија изминатите денови е очаен обид за свртување на вниманието од случајот Талир-2 и барањето за одземање на нивната Бела палата во која за една вазна платиле 180.000 евра.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во време на криза не одвоија ниту еден денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони“ велат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека на граѓаните одамна им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо освен криминал и расипништво.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

ДЕСК