6. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заменикот народен правобранител Андоновски во Киев оствари средба со својата украинска колешка Сивитска

Заменикот народен правобранител е во посета на Украина каде се сретна со својата украинска колешка Ирина Сивитска со која разговараше за клучните прашања на Украинците кои се наоѓаат во Северна Македонија.

Беа дискутирани три клучни прашања: Пристапот до здравствена заштита на Украинците кои се наоѓаат во нашата држава, пристапот до образование на украинските деца, како и пристапот до работни места за привремено раселените Украинци. Се отворија и уште неколку прашања поврзани со престојот на украинските државјани во РС Македонија. Правобранителката Сивитска изрази благодарност и информираше за зголемениот обем на работа поврзан со прекршување на човекови права во областите во кои сѐ уште има воени активности.

Двајцата правобранители се договорија да останат во комуникација и будно да ги следат состојбите поврзани со масовното кршење на човекови права. Правобранителката Сивитска потенцираше дека масовните убиства во Буча и другите градови, Украина ги толкува како геноцид, како и дека Украина останува на барањето и останатите европски држави да ги класифицираат тие злосторства како геноцид.

Правобранителот Андоновски нагласи дека РС Македонија е пријател на украинскиот народ и дека ќе направи сѐ што е возможно за да се олесни нивниот престој во нашата држава.

По средбата во правобранителство, Андоновски имаше средби и во Јавното обвинителство со тројцата главни обвинители кои ги водат случаите против руските војници. Валериа Мелник, Емир Абдулаев и Оксана Димитриева го избрифираа правобранителот Андоновски за првите две пресуди против руските војници кои добија 11 и пол години затвор за воени злосторства. Обвинителите брифираа дека постојат индиции за над 14.000 воени злосторства, а во моментов оформени случаи обвинителството има за 79 лица. Според нивните бројки, над 100.000 лица се присилно раселени само од градот Мариопул. Една од главните теми беше и состојбата со децата. Од почетокот на војната има 689 повредени деца, а 243 загинати од кои 20 % се под 7-годишна возраст, а 137 деца се водат за исчезнати. Обвинителите се осврнаа и на депортацијата на деца. Според нив бројката надминала 1000 присилно депортирани малолетници. Во моментов, обвинителството има оформено 5 случаи за силување деца. Голема загриженост обвинителите изразија и за децата од Крим кои, според нив, веќе 8 години се милитаризираат и обучуваат да се борат против сопствениот народ. Правобранителот Андоновски нагласи дека можат да побараат и меѓународна правна помош и праша дали ќе бараат оформување меѓународен трибунал за воени злосторства. Понуди и македонска правна експертиза во обелоденувањето на воените криминални дела. Обвинителите изразија благодарност и рекоа дека секоја помош е добредојдена, но до овој момент нивното обвинителство е единствено кое отвора вакви случаи.

По двете посети, правобранителот се упати во посета на киевските предградија Ирпин и Буча каде беше откриена масовната гробница со 300 тела. Секретарот на општината Дмитро Гапченко, му ја објасни состојбата во детали и го однесе на увид и на местото на кое беше направена масовната гробница и на улицата на која беа пронајдени најголем број од мртвите тела. Андоновски имаше прилика да слушне сведоштва од преживеаните жители на Буча, како и од медицинските лица кои со денови се бореле да спасат човечки животи.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T