Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице од скопско за издржување казна затвор од една година

На 30.05.2022 во 16.40 часот во с.Крушопек, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Е.(46) од с.Крушопек.

За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК