Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ правеле дубари со струјата на граѓаните

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, не сработеа ништо во интерес на граѓаните и оштините. Во секоја општина предводена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ има назадување и неработа, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека деновиве граѓаните сведочат и дека дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинствата.

Мицкоски наместо да измислува оправдувања да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле дубари со струјата на граѓаните.

Голема е нервозата во Белата палата откако се откри дека неговите градоначалници правеле злоупотреби да обезбедат поевтино улично осветлување и откако се откри дека неговите блиски луѓе направиле малверзации со земјиште каде се проневерени 1,6 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ не се менува, останува партија на криминал, малверзации и дејствување на штета на граѓаните и државата, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК