Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Забрчанец: со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители и голема инвестициска зона

„Секогаш е важно како настапувате пред големите странски инвестиори, а сега ние нема да бидеме пазар со два, туку сме пазар со 12 милиони жители. Што значи потенцијалот на регионот за странско инвестирање станува далеку поатрактивен и поисплатлив и наскоро регионот ќе биде инвестициска дестинација“- ги објасни придобивките од „Отворен Балкан“, националниот координатор, Марјан Забрчанец, во вестите на Сител.

„Кога имате ситуација во која ги тргате бариерите и кога паѓаат границите секако дека имаме поголем проток помеѓу трите држави, она што ни било туѓо сега е тука до нас, се запознаваат граѓаните, започнуваат соработка, се гради политика на добрососедство, како и впрочем во изминатите пет години. “Отворен Балкан“ е слободен проток на луѓе, стоки и услуги, а ако цитирам еден твит, тогаш и проток на молитви. Секако дека ова кажано како шега на Твитер, но ја доловува сржта на решението и на црковното прашање.“- изјави Забрчанец.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК