22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Нема да дозволиме процесот кон ЕУ да се претвори во дискусија за билатерални прашања

„Нашите позиции во однос на преговарачката рамка од самиот старт по одредени точки беа различни и затоа таа не беше усвоена во март 2020 година. Има држави-членки кои не се согласуваат одредени прашња да влезат во преговарачката рамка, а и ние не сакаме нашиот процес на евроинтеграции да се претвори во процес само за дискусија на билатерални прашања со Бугарија“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека Северна Македонија е на принципиелната позиција се што ќе се договори да се стави во документ дека е договорено и ние како држава немаме проблем да го имплементираме тоа на билатерална основа, но дека сите работи не може да влезат во преговарачката рамка.

„Во моментов расположението во ЕУ е дека нема да има раздвојување на Северна Македонија и Албанија, третман кој трае уште од 2019 година. Тогаш беше прашањето дали да се пушти Северна Македонија да преговара без Албанија, но одлуката беше двете држави да бидат во пакет и тој став се уште трае“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека Владата останува на ставот за еден сеопфатен документ со Бугарија во кој ќе бидат утврдени правата и обврските на двете страни, што би дал предвидливост во процесот на евроинтеграциите, но не целиот документ да биде пресликан во преговарачката рамка, што би го претворило процесот на преговори во билатерален.