Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

160 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот денa (23.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 160 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?

ДЕСК

Кривична пријава против делчевец затоа што намерно предизвикал шумски пожар

ДЕСК

ПРЕД ПРАЗНИКОТ ПРОВЕРЕТЕ ГО КАЛЕНДАРОТ: Еве кои неработни денови следуваат до крајот на 2026

ДЕСК