22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски го честита Националниот ден на Власите

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Северна Македонија.

„Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите, и најискрено да ви посакам празникот да го минете во добро здравје и во пријатно расположение, споделувајќи радост и добра мисла со вашите најблиски.

Пред 117 години на 23 мај, со декретот на султанот Абдул Хамид, во рамките на Отоманската Империја, беа признаени националните права на Власите. Со тоа се отвори можност за образование на мајчин јазик, што е еден од столбовите на националниот и на културниот идентитет на секој народ. Среќни сме што во нашата заедничка татковина припадниците на влашката заедница, како и на другите етнички заедници, ги имаат сите можности за зачувување и за зајакнување на својот јазичен и културен идентитет. Со своите традиции, култура и фолклор, Власите суштински го збогатуваат нашето мултикултурно и мултиетничко општество.

Здравствените, економските, социјалните и безбедносните предизвици и проблеми со коишто се соочува целиот свет можеме да ги надминеме само со заедништво, сплотеност и со солидарност. Да си подадеме рака и да си бидеме постојана поддршка едни на други и одговорно и посветено да придонесуваме за развојот и за напредокот на Република Северна Македонија, како и за благосостојбата на секој наш сограѓанин.

Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите”, се вели во честитката од Претседателот Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано, доаѓа во земјава

M T

Заев: За претседател Албанец потребно е мнозинство и од неалбанското гласачко тело

M T

Одликување на Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Република Северна Македонија

CENTAR MKD

Пендаровски: Безбедносната состојба е стабилна

CENTAR MKD

Пендаровски попладнево ќе се обрати на 75. Генерално sобрание на ОН

CENTAR MKD

Претседателот Стево Пендаровски го свика Советот за безбедност

CENTAR MKD