Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСвест

Лукаревска: И покрај намалениот ДДВ имаме повисока наплата на даноци

„Имаме надминување на планот за наплата и кај данокот на добивка и кај ДДВ, како и на данокот на личен доход во првите месеци од оваа година, споредено со истиот период во изминатите три“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „360 степени“ на АлсатМ.

Таа додаде дека во првите 18 дена на мај се собрани околу 40 милијарди денари приходи што е за 5,84 отсто повеќе од планираното за овој период.

„Растот на собраниот данок по основ на ДДВ делумно се должи на растот на цените, но не смееме да зборавиме дека имаме намалување на стапката на ДДВ за основните прехранбени продукти и за нафтените деривати“ рече Лукаревска.

Директорката на УЈП додаде дека нејзината институција секогаш ги исполнува бројките кои се планирани во буџетот, а таков е примерот и во оваа 2022 година и покрај зголемувањето на буџетот и зголемените очекувања за прибирања на даноци.

Можеби ќе ве интересира

Потврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот

ДЕСК

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

ДЕСК

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

ДЕСК