Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Директорот Тасевски на 49.Европска регионална конференција на Интерпол

Директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски ја предводи делегацијата од Министерството за внатрешни работи на 49. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, која од 17 до 19 мај се одржува во Лион, Франција.

На првиот ден од конференцијата која ја отвори претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал Раиси, а делегациите од педесетина држави ги поздрави и генералниот секретар на Интерпол Јирген Сток, се дискутираше за безбедноста во Европа, соработката меѓу земјите во европскиот регион, а акцент се стави на глобалните и регионалните трендови во безбедносните закани, зајакнување на одговорот за финансиски криминал и корупција, борбата со шверцот со фармацевтски производи и, секако, предизвиците поврзани со ситуацијата во Украина.

Во текот на конференцијата земјите учеснички посебно внимание ќе обрнат на Стратегијата за европскиот регион 2022-2025 и пристапот за нејзина имплементација, откако ќе се осврнат на евалуацијата на Акцискиот план за изминатата 2021 година.

Новата четиригодишна стратегија ги опфаќа сите Интерпол региони и се очекува да ги даде насоките за мандатот и визијата на Интерпол до 2025 година, заедно со целите што се во план да се реализираат.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК