Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Отворен Балкан добива засилување, Маричиќ ќе обезбедува институционална поддршка, Забрчанец продолжува да координира

На денешната седница Владата донесе одлука со која ги задолжи вицепремиерот за европски прашања и Секретаријатот за европски прашања да обезбедат институционална поддршка за реализацијата на иницијативите и договорите во рамките на Отворен Балкан.

Ваквата одлука претставува зајакнување на институционалните капацитетите со цел засилено спроведување на проектите во рамки на оваа регионална иницијатива.

Координацијата на Отворен Балкан и на регионалните иницијативи од страна на Владата ја реализира Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијатии, Марјан Забрчанец и националната координаторка за регионална соработка и за европски интеграции, Нола Исмајлоска – Старова.

Премиерот Ковачевски и македонската Влада се домаќини на следниот лидерски самит на Отворен Балкан кој ќе се одржи во првата половина од месец јуни во Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК