Стресот е поттик за многу болести, а доколку е хроничен, ги загрозува и белите крвни зрнца, што значи дека телото е поподложно на вируси и бактерии. Во борбата против стресот значаен сојузник е исхраната, односно храната која ја јадете.
Правилната исхрана е од големо значење кога е во прашање борбата со „болеста на современиот човек“, а ова се намирници кои ќе ви помогнат да го апсорбирате стресот.
1. Бобинки
Бобинки се полни со влакна, витамини и минерали. Јагодите, боровинките, малините и капините содржат антиоксиданси наречени антоцијани, кои ги штитат нервите и се добри во борбата против стресот.
2. Масни видови риби
Масните видови риби како што се сардини, скуша и лосос се богати со омега-3 масни киселини и витамин Д, кои се првата линија на одбрана од стрес. Не само што се важни за функционирањето на мозокот, туку можат да ви помогнат и во борбата против хроничниот стрес. Постојат и студии кои ја потврдуваат поврзаноста помеѓу дефицитот на омега-3 масти и зголеменото ниво на депресија и анксиозност.
3. Брокула
Брокулата е многу богата со магнезиум, витамин Ц и фолна киселина, кои се добри сојузници во борбата против лошото расположение. Овој зеленчук е многу пожелен во менито, бидејќи неговата состојка сулфорафан го намалува лошиот холестерол и крвниот притисок, а се покажало и дека има силни антибактериски, антивирусни и антигабични својства.
4. Блитва
Евтината храна, достапна речиси цела година, може да биде моќен борец против стресот. Се проценува дека околу 150 грама блитва содржи околу 36 отсто магнезиум, кој игра многу важна улога во одговорот на нашето тело на хроничен стрес. Ниските нивоа на овој минерал се поврзани со состојби како што се анксиозност и напади на паника. Постојаниот стрес го намалува нивото на магнезиум во нашето тело, а некоја супа од млада блитва би можела да биде вистинскиот избор по долгиот и стресен ден.
5. Јајца
Јајцата се природен извор на многу видови на витамини, минерали, амино киселини и антиоксиданси потребни за да се даде правилен одговор на стресот. Жолчките од јајце се особено богати со холин, хранлива материја која се наоѓа во само неколку намирници. Се смета дека холинот помага во контролата на градењето на холестеролот. Тоа е исто така корисно за пренос на нервните импулси, особено оние што се користат во мозокот за формирање на меморија. Според истражувачите, холин е борец против губење на меморијата во подоцнежните години.