3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

ФИТНЕС СОВЕТИ – Четири начини за ублажување на воспалението на мускулите после тренинг

Конечно се раздвиживте, но после тренинг страдате од воспаление на мускулите?! Еве како да ја ублажите оваа негативна „последица“ од активниот живот.

Колку што е важно да се загреете пред тренинг, исто толку важно е да се фокусирате на ладење на вашите мускули после тренинг. Бавното дишење и отчукувањата на срцето треба да се вратат во нормала, а фитнес експертите објаснуваат четири начини на кои можете да го ублажите воспалението на мускулите после тренинг.

Фитнес ентузијастите ќе препорачаат една од овие четири работи; масажа, правилна исхрана, активно ладење и правилна хидратација.

Масажа
Според истражувањата, масажата има голем број на долготрајни позитивни ефекти и може да ги намали воспалителните процеси кои го забавуваат процесот на закрепнување.

Правилна исхрана
Протеините се потребни за опоравување и обновување на мускулите, јаглехидратите се гориво за тренинг, а здравите масти се користат за загревање на зглобовите. Затоа, многу е важно да се јаде урамнотежена исхрана пред и после тренинг.

Активно ладење
Треба да се загреете пред тренинг и да дозволите вашите мускули да се оладат после тренинг. Ова го враќа дишењето и отчукувањата на срцето во нормала. Наместо само да лежите, нека биде активно ладење, како истегнување. На овој начин одржувате здрава циркулација и го ублажувате воспалението на мускулите.

Пијте многу вода
Водата е клучна за обновување на мускулите. Одржува здрава циркулација на материи низ телото, ги намалува воспалителните процеси, помага во исфрлањето на штетните материи и доставува хранливи материи до мускулите. Доколку не пиете доволно вода, воспалението не само што ќе биде поболно, туку и ќе трае подолго.

Спонзорирано: