10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Уживајте во малку темно чоколадо пред спиење: Четири вечерни оброци за подобро расположение

Иако навистина не постои оброк што можете да го јадете навечер и да се разбудите со добро расположение, диететичарите Стејси Хесинг и Џесика Таурус тврдат дека консумирањето одредени намирници непосредно пред спиење може да влијае на вас.

Тоа е затоа што одредени видови храна содржат широк спектар на хранливи материи кои помагаат да се подобри спиењето, како и да се подобри расположението.

Но, објаснуваат, меѓу другото, дека целата диета што ја следиме треба да се базира на такви состојки, за да си обезбедиме благосостојба во организмот.

Вечерни оброци кои ќе ви го подигнат расположението

1. Ореви
Јаткастите плодови и семките се богати извори на триптофан, аминокиселина која телото ја користи за производство на хормонот серотонин за подобрување на расположението. Бадемите, индиските ореви, ф’стаците, лешниците, семките од сончоглед и тиквата внесуваат доволно здрави масти и влакна во нашите оброци, без непотребни калории.

2. Ферментирана храна
Во оваа категорија спаѓа и јогуртот кој освен благотворните својства што ги дава на дигестивниот систем, делува и на мозокот. Јогуртот, кефирот и комбухата се храна која содржи пробиотици, кои пак го поддржуваат здравиот микробиом на цревата, зголемувајќи го производството на серотонин, велат експертите.

3. Темно чоколадо
Самото чоколадо е во состојба да ни го подигне расположението, поради прекрасниот вкус. Но, покрај тоа, темното чоколадо содржи голем број корисни соединенија, како кофеин, теобромин, флавоноиди, кои значително го подобруваат квалитетот на сонот и предвидуваат пријатни утра. Уживајте во малку темно чоколадо пред спиење, или обичен или лесен чоколаден десерт.

4. Бобинки
Бобинките содржат високо ниво на фитохемикалии кои можат да го намалат оксидативниот стрес во телото. Антоцијаните, соединенија одговорни за темно сино-виолетова боја на бобинки, се покажа дека го намалуваат ризикот од депресија. За поголемо уживање, на бобинките додадете малку шлаг или сируп од темно чоколадо.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бебето не се буди само кога е гладно: Три заблуди за неговото СПИЕЊЕ кои го отежнуваат родителството

M T

Штетно влијание на мобилните телефони: Еве зошто не треба да го држите телефонот до вас додека спиете

M T

ЕВЕ ДАЛИ ТРЕБА ДА МАСТУРБИРАТЕ ПРЕД СПИЕЊЕ: Во телото се случуваат НЕВЕРОЈАТНИ промени – фокусирајте се на ЕДНО

M T

Помага на повеќе начини: Спиењето покрај КУЧЕ може да биде ЛЕКОВИТО

M T

Еве како да го научите вашето тело да се буди порано

M T

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

M T