13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

ВАКА ФУНКЦИОНИРА ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ: Можете да изгубите тежина, но ако ги следите овие ДВЕ ПРАВИЛА, го забрзува метаболизмот

Започна сезоната на диети и прилагодување на линијата пред летото. Жените крстарат по Интернет во потрага по најлесните можни решенија и ефикасни диети кои за рекордно време ќе ги ослободат од вишокот килограми. Зелениот чај, познат како најдобар пијалок за детоксикација, може да помогне.

Ова растение содржи катехин кој ги забрзува метаболичките процеси, а со тоа помага и за топење на мастите. Нутриционистите веруваат дека со редовна употреба на овој напиток, можете да изгубите неколку килограми вишок секој месец. Под влијание на катехините побрзо се разградуваат масните наслаги, а новите калории немаат време да се претворат во маснотии.

Покрај тоа, зелениот чај има диуретично дејство, што му овозможува на телото да се ослободи од штетните материи и токсините. Кога го пиеме овој напиток, полифенолите во телото го зголемуваат преносот на топлина, што доведува до намалување на телесните масти.

Колку шолји зелен чај дневно влијаат на слабеењето?

За овој напиток да има диететски ефект, потребно е да се земаат помеѓу три до пет шолји дневно. Со оваа количина ќе ги изгубите вишокот килограми, но има еден услов – неопходно е да се откажете од алкохолните и газираните пијалоци, бидејќи во спротивно ќе дојде до зголемен товар на бубрезите и ќе го нарушите вашето здравје. Најдобро е да се консумира чај пред оброк, што исто така ќе влијае на апетитот и значително ќе ја намали количината на консумирана храна.

Исто така, многу е важно да знаете дека постот не се препорачува доколку редовно пиете зелен чај. Потребно е само да ја балансирате вашата исхрана и да не претерувате со едноставни јаглехидрати. Во интервалите помеѓу пиењето чај и главните оброци, најдобро е да пиете „обична“ вода.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Еве дали пиењето топла вода ви помага да изгубите тежина

M T

Секогаш појадувајте во ова време и ќе бидете ПОЛЕСНИ до 5 килограми

M T

Се смета за еден од најздравите пијалоци во светот: Неколку причини зошто зелениот чај треба да биде дел од нашата рутина

M T