Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Хрватска го воведува еврото

Во петокот, на 13 мај, хрватските пратеници го одобрија законот со кој се одобрува воведувањето на еврото како официјална валута од почетокот на следната година. На 1 јануари 2023 година, Хрватска ќе ја замени хрватската куна со евро, објави Хрватската државна телевизија (ХРТ).

Вкупно 117 гласови беа за законот за еврото, 13 против, а еден пратеник беше воздржан во 151-члениот парламент.

Двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалниот почеток на плаќањата во евра.

Двојното прикажување на цените треба да се прошири за цела наредна година, па во 2023 година да се прикажуваат цените во двете валути.

Во текот на целата 2023 година граѓаните нема да имаат трошок за размена на куни за евра. Исто така, по истекот на овој рок, односно на неодредено време, граѓаните во Хрватската народна банка (ХНБ) ќе можат бесплатно да менуваат банкноти од куни за евра.

Хрватска, која ѝ се приклучи на Европската унија (ЕУ) во 2013 година, останува една од најслабите економии на блокот од војната 1992-1995 година во поранешна Југославија.

Десничарските партии во хрватскиот парламент се спротивставија на воведувањето на еврото, велејќи дека тоа ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе изврши притисок врз граѓаните.

Хрватската економија е силно зависна од приходите од туризмот во текот на летните месеци.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК