Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Мозаик Во тренд...

Андреа не се пласира во финалето на Евровизија

Нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска која на втората полуфинална вечер настапи со песната „Circles“ на Александар Масевски, не се пласира во големото финале на Евровизја закажано за в сабота, 14. мај.

На евровизиската сцена во Пала Олимпико во второто полуфинале настапија 18 учесници.

Од нив за настап на финалната вечер се изборија претставниците на Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и српската претставничка Констракта со „In Corpore Sano“.