8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Русија: Присилени сме да тргнеме во воена одмазда кон Финска

Русија ќе биде присилена да делува како одговор на одлуката на Финска да се придружи на воениот сојуз НАТО, соопшти руското министерство за надворешни работи.

„Влезот на Финска во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата“, стои во соопштението.

„Русија ќе биде присилена да преземе чекори на одмазда, како воено-технички, така и од друга природа, за да го сопре настанувањето на закани за нејзината национална безбедност3,

Финска денеска објави дека има намера да поднесе барање за придружување на воениот сојуз без одлагање.

Таа балтичка земја ја донесе одлуката што со недели се чекаше да ја донесе. Русија веќе порано се закани со распределување на нуклеарно оруќје на Балтикот ако Финска влезе во НАТО.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека пристапувањето на Финска во НАТО ќе биде брзо и мазно.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК