Интернационалниот мајстор Филип Панчевски и Женски Фиде Мајстор Моника Стојковска, двајцата од ШК Алкалоид, се новите државни шампиони на Македонија во шах.
Панчевски триумфираше на Отвореното првенство на Македонија, на кое беше забрането учество на странски играчи и победникот беше посочен како нов државен првак.
„Генерално сум задоволен од играта, иако имав еднадо две партии што сметам дека можев да одиграм подобро. На крајот, резултатот 8 поени од 9 партии е доста добар. Овогодинешниот шампионат донесе подмладена конкуренција, па главни ривали ми беа тројцата репрезентативци на Македонија: ИМ Тони Лазов, ИМ Никола Николовски и ФМ Емил Ристески. Во тие три клучни партии успеав да освојам 2,5 поени, што ми овозможи да имам еден поен повеќе од второпласираниот. Инаку, преферирам да играм на Затворен шампионат каде што треба да настапат сите најсилни македонски шахисти и турнирот би изгледал попрофесионално“,изјави Панчевски.