Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Крвав инцидент во угостителски објект во Скопје – го удирале со тупаници, го влечеле по подот, а потоа со ногарка го удриле по главата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата осомничени на возраст од 43 и 27 години, на 5 мај напладне влегле во угостителски објект на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје и без никаков претходен разговор физички нападнале едно лице кое седело во кафе-барот. Најпрво започнале да го удираат со тупаници по главата и телото, а потоа и грубо да го малтретираат, влечејќи го по подот на објектот. Во еден момент, првиот осомничен зел и парче дрво – ногарка од искршена столица и со неа го удрил оштетениот по главата, нанесувајќи му дополнителни повреди. За тоа време, вториот осомничен не им дозволувал на другите присутни да се приближат.

Со дејствијата, двајцата осомничени предизвикале и поголема материјална штета и чувство на несигурност кај присутните и вработените во објектот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК