Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Спасовски од Делчево: Македонија е создадена од борците и ослободителното движење на НОБ

На денешната свечена манифестација по повод 7-ми мај, Денот на македонската полиција, министерот Оливер Спасовски рече дека Македонија е создадена од ослободителното движење и борците на НОБ и дека денешните генерации ја должат сета почит на сите наши предци.

„Ние, пак, тоа им го должиме на идните поколенија, но и на нашите предци. На херојот чие име го носи градот-домаќин на денешната свеченост, Гоце Делчев, симболот на македонскиот непокор, по убедување социјалдемократ, по дела револуционер и визионер, како и на неговите соборци. Но, и на учесниците во НОБ, на нашите борци, чии претставници се секогаш наши драги гости, благодарение на кои нашата земја даде огромен придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна и го дочекавме сопственото ослободување! Без тоа ослободително движење Македонија немаше да постои! Таа е создадена од илјадниците борци кои ги положија своите животи, создадена е од историјата. Токму затоа и не можеме да ја менуваме. Таа не ни припаѓа нам, туку ние на неа!“ рече министерот Спасовски во обраќањето.

На сите припадници на полицијата Спасовски да им го честиташе денешниот празник, со искрена желба за успех како на личен, така и на професионален план.
На свеченоста, со едно минутно молчење се оддаде почит на сите загинати и починати припадници на македонската полиција.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА РАСЧИСТУВА ИНЦИДЕНТ: Агресивно се однесувале кон вработени во општината и полициски службеници

ДЕСК

Апсење на Долно Блаце

ДЕСК