12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бектеши и министри од регионот во Софија ќе разговараат за снабдувањето со енергенти

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска ќе учествува на министерски состанок за регионална соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција, што ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.

На министерскиот состанок, кој е во организација на Министерството за енергетика на Бугарија, покрај министерот Бектеши и домаќинот, министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов, ќе учествуваат и Дите Јоргенсен, генерален директор на Директоратот за енергија на Европската комисија (ДГ ЕНЕР), Константинос Скрекас, министер за енергетика и животна средина на Грција, Виргил Даниел Попеску, министер за енергетика на Романија, Зорана Михајловиќ, вицепремиер и министер за рударство и енергетика на Србија, Парвиз Шахбазов, министер за енергетика на Азербејџан, Герман Галушченко, министер за енергетика на Украина, како и Алпарслан Бајрактар, заменик-министер за енергетика и природни ресурси на Турција.

На настанот свое обраќање ќе има и премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.

На министерскиот состанок министерите на земјите од регионот со претставници од Европската Унија ќе разговараат за енергетската безбедност, потребата за итна реакција во нарушувањето со снабдување со енергенти како резултат од кризата во Украина, како и долгорочните проекти и стратешки цели за поголема енергетска безбедност и снабдување со енергнти во регионот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бектеши: Според сите показатели годинава ќе бидат постигнати очекуваните резултати во туризмот

M T

Бектеши: Година на надминување на пречки и важни чекори кон поефикасна трговија во регионот

M T

Средба Бектеши – Ризваноли: Почнуваат преговори за набавка на јаглен од Косово во Северна Македонија

M T

Бектеши го презентираше граѓанскиот буџет за 2022 година: Повеќе средства за капитални инвестиции, обновливи извори на енергија, поддршка на МСП и домашниот туризам

M T

Бектеши-Савада: Зголемување на билатералната трговија и инвестициите помеѓу Македонија и Јапонија

M T

Бектеши: Со економските политики за развој на иновативноста, инвестиции во технолошкиот развој и подобрување за условите за водење бизнис ќе ја постигнеме посакуваната трансформација на економијата

CENTAR MKD