Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

249 санкционирани возачи во Скопје, 60 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 44 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум мерки за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК