Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Битиќи: Три дена по минималната плата СОНК најави штрајк иако договоривме шест месеци за усогласување

„Во економско-социјалниот совет беа вклучени и СОНК и КСС иако не се репрезентативни синдикати. На преговорите за минималната плата се договоривме дека усогласувањето ќе се врши во рок од шест месеци, но сепак после само три дена тие најавија дека на 11 април ќе има штрајк“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека Владата имала неколку обиди за да се преговара, но дека СОНК не дале шанса на разговорите и инсистирале на штрајк.

„Како општество поминуваме низ процеси кои не ни се познати. Владата дава шанса на разговор, консултации и преговори што е невообичаено во изминативе 30 години“ рече Битиќи.

Вицепремиерот кажа дека и кога започнале преговорите за минималната плата тие се гледале еднострано и се поставувале ултиматуми, но после повеќе состаноци и кога сите страни се откажаа од ултиматумите, сите дојдоа до резултатот што го посакуваа.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК