Соопштение на Клиниката за ТОАРИЛУЦ -КАРИЛ:
Поради сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар, Клиниката за ТОАРИЛУЦ -КАРИЛ би сакала да истакне неколку факти:
Пациентот беше примен рано утрото на 7 ми април во Ургентниот центар во Скопје без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди.
Дежурните лекари со колегите од КАРИЛ веднаш на прием пристапиле кон срцева и белодробна реалнимација.
По половина час е воспоставена срцева акција.
И покрај критичноста на ситуацијата, веднаш е направена компјутерска томографија на целото тело.
При самиот прием на пациентот, повикани се сите екипи, од неврохирургија, од абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија.
Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата, може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Времетраењето на враќањето на пациентот во живот потврдено од колегите од неврохиругија кои биле присутни во текот на целиот период на лекување на пациентот.
Пациентот кој по приемот и реанимацијата е префрлен е на КАРИЛ, почина на 8 април во пладневните часови после 24 борба за живот и неколку дополнитени реанимации.
Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанала прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта.
Од самиот прием во Ургентнио центар, МВР е известено за состојбата на пациенот. Во текот текот на вчерашниот де целокупната документација беше предадена на Јавното обвинителство. Денес медицинската документација е на увид и на ДСЗИ.
Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспареноста на овој трагичен настан.
Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен и сите обиди за реанимација.
Се надеваме дека надележни институции ќе го расветлат случајот во брзо време. До семејството уште еднаш изразуваме длабоко сочувство за нивната загуба.