14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Проектите на ЕУ за регионален развој на туризмот, заштита на културното и природното богатство се двигатели и генератори на развојот на локалната заедница и регионот, а прекуграничната соработка поттикнувач на поголеми инвестиции или иницијативи,

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

ЕУ за регионален развој на туризмот, заштитата на културното и природното богатство, важни за развојот на локалните заедници и градењето добри меѓусоседски односи.

📌 Проектот „Смарт-кул-тур“ има значаен придонес за прекуграничната соработка во регионот и за зголемувањето на квалитетот на туристичката понуда со поширокиот регионален опфат почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча, реализиран во рамките на програмата за прекугранична соработка преку Северна Македонија – Албанија 2014-2020 година.

✅ Во рамките на проектот поставени се лифт и метални пристапни рампи со кои се совладани архитектонските бариери во локалитетот Хераклеа. Со ова лицата со инвалидитет ќе можат да ги следат културните настани кои се одржуваат во Хераклеа, а и да го разгледаат локалитетот.

✅ Направени се и други инфраструктурни пристапни зафати, а целосно реконструиран е и таканаречениот Римски пат кој води до локалитетот, осовременет е музејскиот простор, а изработени се и на аудиоводичи на седум јазици.

💶 Вкупниот буџет на проектот изнесува 704,590 евра, а обезбедени се нови 800.000 евра за обнова на дворот во Пациото во музејот во Битола и обнова на објектот ‘Парк’.

➡️ ИПА 3 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, која годинава ќе биде во три региони во секоја од земјите-кориснички, Пелагонија, Полог и југозапад во Северна Македонија и Дебар, Елбасан и Корча во Албанија, ќе се финансира со околу 12 милиони евра.

Ваквите проекти се двигатели и генератори на развојот на локалната заедница и регионот, а прекуграничната соработка поттикнувач на поголеми инвестиции или иницијативи, кои
би придонеле за значајни промени во секојдневното живеење на граѓаните.