Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николова: Пред законите сите се еднакви сега, за разлика од времето на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е партија која е симбол за криминал и корупција и таа најмалку е повикана да обвинува било кого. Бројните судски процеси којшто и сега се водат против нивните функционерите, дури и нивните признанија во неколку судски процеси се најдобра потврда за тоа, изјави како одговор на новинарско прашање, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Има огромна разлика од времето на режимот кога институциите, судството и обвинителството беа под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и наместо да гонат, штитеа криминал. На никој не му паѓаше на памет да понесе одговорност, ниту пак да да поднесе оставка, тоа денес веќе не е така.

Од друга страна ние ги овозможуваме сите услови да правосудните органи работат слободно и нивна задача е низ транспрарентни постапки да утврдат дали некој ја злоупотребил својата позиција и согласно доказите кои ги имаат да започнат постапка или не.

Секој треба да ја понесе својата одговорност без разлика на која позиција се наоѓа и токму во ова време во кое СДСМ владее ги создаваме сите услови за да владее правото, рече Николова

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК