Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагична сообраќајка во струмичко, загина едно лице

Денеска, во 9.55 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на улицата Климент Охридски во Струмица, патничко возило „фолксваген голф“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С. В. (18) од Струмица, со живеалиште во с. Робово, удрило во велосипед управуван од П. Г. (75) од с. Русиново, со живеалиште во Струмица.

Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, а подоцна во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК