17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

НОВАТВ: Брза помош го пронашла Тот пред дискотека, со слаб пулс и во лоша состојба

Кога екипата на Итна помош вчера рано наутро пристигнала да интервенира, тој бил легнат пред дискотеката „Привилеџ“ и бил помодрен во лицето. Немало траги на насилство, а лекарите констатирале ниска сатурација и слаб пулс, како и дека момчето мирисало на алкохол. Тие ги примениле постапките за реанимација и веднаш го транспортирале на Ургентниот центар на скопските клиники „Мајка Тереза“, потврдија за НоваТВ од Здравствениот дом – Скопје, објави Новатв.мк

Лекарска екипа на Службата за итна медицинска помош во Скопје го пронашла ракометарот Денис Тот, вчераутро пред дискотека во Градскиот парк, откако од непознат телефонски број околу 4 часот го примиле повикот за интервенција.

Ракометарот Тот почина денеска на КАРИЛ, каде во бесознание, без срцева акција, но без видливи траги на насилство, вчера бил донесен, по што веднаш му била пружена лекарска помош.

Спонзорирано: