24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Анализа – Прво беше посета на Мицкоски сега статуси на Никола Груевски, дали инструкциите за протести во земјава доаѓаат од Будимпешта?

Пред само неколку дена, во неделата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на Унгарија.
Официјално соопштено дека ги следи изборните резултати во оваа земја.

СДСМ веднаш обвини дека Мицкоски отишол по нови инструкции и задачи од Никола Груевски. Иако ВМРО-ДПМНЕ демантираше овие денови се случија некои настани кои фрлаат ново светло на протестите што се случуваат низ земјава.
Прво, се откри дека организаторката на протестот на здружението на лекарите е активистка на ВМРО-ДПМНЕ, поточно од Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Велес.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М телевизија ги поддржа сите протести и повика на масовни протести на сите опозициски партии во земјава.

Одредени опозициски портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ објавија текстови со паралели со Шарената револуција со суптилна најава на можности за слични активности на опозицијата во наредниот период.

Денеска во однос на најавените протести во земјава со свој став на Фејсбук се јави Никола Груевски, поранешен премиер, осуден за кривични дела и бегалец од правдата во Будимпешта. Во ист период кога се водат серија судски процеси против него и лица поранешни високи функционери или блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Се поставува прашањето дали некој намерно иницира и поттикнува протести со надеж дека ќе се случи дестабилизација на земјава?
Особено што се ова се случува во период кога се покачи минималната плата и кога Владата на СДСМ спроведе мерки вредни 400 милиони евра за ублажување на последиците од глобалната криза.

Дали инструкциите за протести, со логистичка поддршка на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат од Никола Груевски директно од Будимпешта?