22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Совети кои ќе ви помогнат: Еве кога е време да ја фрлите четката за заби

Правилното и редовно миење на забите е најголемата гаранција за оралното здравје.

Но ако четката што ја користите не е соодветна поради некоја причина, може значително да ги намали придобивките од миењето.

Иако ги миете забите најмалку две минути и после секој оброк, доколку не се грижите за четката, сите ваши напори може да паднат во вода.

Четкањето на забите ни овозможува да ги отстраниме остатоците од храна, бактерии, наслаги и се што може да доведе до кариес, расипување и други болести.

Првото нешто на што треба да обрнете внимание со четката за заби се влакната.

Кога ќе забележите дека ја изгубиле својата вкочанетост или боја, тоа е првиот показател дека треба да ја фрлите. Друг важен фактор во трошењето на четката е акумулацијата на паста помеѓу влакната – ова е знак дека на вашата четка има голем број бактерии.

Ако влакната паѓаат и брзо се истрошуваат, тоа е уште еден показател дека треба да ја фрлите во ѓубре.

Стоматолозите проценуваат дека треба да користите една четка во просек три месеци.

Понекогаш при четкање ги триеме забите посилно и подолго бидејќи веруваме дека ќе биде почисто.

Но, има уште една грешка! Ова може да ја оштети забната глеѓ и да предизвика иритација на непцата.

Проблемот се влошува ако четката избледела или променила форма и вкочанетост.

Можеби ќе ве интересира

Како да ја доведете линијата до совршенство: Следете ги овие 6 совети

M T

Што правите ако заборавите нечие име? – Четири одлични совети како да ја спасите ситуацијата

M T

ТРИ СОВЕТИ – Овие навики ќе ви помогнат да се справите со стресот

M T

3 практични совети кои ќе ви помогнат да ја зачувате батеријата на вашиот мобилен телефон

M T

Корисни совети: Еве како можете да ги намалите сметките за струја

M T

ДАЛИ ПО УПОТРЕБА САМО ЈА ПЛАКИТЕ ЧЕТКАТА ЗА ЗАБИ СО ВОДА? Правите голема грешка

M T