6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меѓувладината работна група за европска соработка денеска ќе одржи состанок во Скопје

Денеска во Скопје, меѓувладината работната група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото, продолжува со својата работа и активности.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, како копретседавач ќе го отвори состанок на работната група, по што на посебна сесија, заедно со Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, ќе биде дел од сесијата на тема: Партнерство со граѓанските организации, на кој со нивната бугарска колешка, заменик претседателка на Владата за добро владеење Калина Константинова, ќе дискутираат за следните чекори во активностите за системско вклучување на граѓанскиот сектор во сите работни групи и за проекти на кои граѓанските организации од двете држави можат заеднички да работат. На посебни паралелни состаноци ќе разговараат на тема правосудство и антикорупција, министерот за правда Тупанчески со бугарскиот заменик министер за правда, Борислав Ганчев, а следните чекори за реализирање на двегодишната Програма за имплементација на Договорот за заштита на животната средина и управување со водите ќе ги дефинираат на денешниот состанок министерот Насер Нуредини со Борислав Сандов, заменик претседател на Владата за климатски политики и министер за животна средина и води на Република Бугарија. Дополнително вицепремиерот Маричиќ на средбата ќе ја отвори и темата за Меморандумот за соработка во делот на ЕУ интеграции и Зелената агенда.

За време на средбата, ќе биде потпишана и Декларација за заемна соработка помеѓу Министерството за електронско управување на Бугарија и Министерство за информатичко општество и администрација на Северна Македонија од страна на Божидар Божанов и Адмирим Алити.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

209 сообраќајни прекршоци во Скопје

M T

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок (12, 13 и 14.10.2022) во Скопје

M T

174 санкционирани возачи во Скопје

M T

Ристо Пенов – таткото на современата функционалност на Скопје: Новата Автобуска, Водњанска, Плоштадот, стазата на Кејот…

CENTAR MKD

164 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

M T

108 санкционирани возачи во Скопје

M T