Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на ретки грмежи и силен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 19 степени.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК