Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Пописот е основа за да креираме нови економски политики за развој

Податоците од пописот ни укажуваат дека мора да изградиме систем базиран на квалитет и унапредување на услугитекои ќе бидат во согласност со новите потреби на граѓаните, порача прстседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „360 Степени“ на Телевизија Алсат.

Ковачевски посочи дека податоците од пописот се основа за да се креираат нови економски политики за развој.

„После 21 година, се менуваат потребите на граѓаите, доаѓаат нови генерации кои живеат во дигитално време. Се појавуваат нови индустрии во кои расте просечната плата и расте и извозот. Како држава мора да поставиме национална стратегија која ќе го зголеми Бруто домашниот производ, и ќе ги унапреди услугите од јавниот сектор. Ако го земеме редвид податокот дека имаме 205 населени места кои веќе немаат жители, тогаш треба да видиме дали треба да направиме и реорганизација на образованието, да не се доведеме во ситуација да имаме населени места каде што има училишта а нема ученици, а од друга страна да имаме општини каде што недостасуваат училишта, па учениците учат во три смени“ порача претседателот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК