30.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Опозицијата самата одби да учевствува во работните групи со Бугарија

„Опозицијата беше повикана да учествува во работните групи со Бугарија, но тие го одбија тоа. Јас сум убеден дека секој договор што ќе биде постигнат, ќе биде критикуван од опозицијата, како што тие беа против сите договори кои државата ги направила со цел да се направи стратешки исчекор“ рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека и двајцата премиери се задоволни од работата на работните групи, бидејќи се менува комуникацијата меѓу двете држави и од минимум сега има соработка и заеднички планови и акции.

„Од формирањето на работните групи имаме опипливи резултати – го имаме авионскиот лет, кој функционира, имаме и први стипендии кои се доделуваат за наши студенти во Бугарија, а вчера имаше средба за проекти за прекугранична соработка. Тоа е тоа што дава задоволство и кај премиерот на Бугарија и кај мене“ рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски исто така потенцираше дека за јазикот, идентитетот и посебноста на македонскиот народ по сите основи не се предмет и нема да бидат предмет на разговори.