Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Петров: Сега сведочиме за штетата од повиците за бојкот на пописот

„Повиците за бојкот на пописот не го срушија пописот, но нанесоа штета на процесот. Таа штета сега ја гледаме и за таа штета треба да се повикаат на одговорност тие кои тоа го правеа“ изјави Андреј Петров, член на ИО на СДСМ во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој исто така повика пописот да се релаксира од политички влијанија и ги отфрли изјавите на одредени политичари кои се позагрижени од останатите за одредени етнички заедници.

„ВМРО-ДПМНЕ се труди да нема став, не знаеме дали тие го признаваат или не пописот и дали за нив е успешен или не. Не може за сите прашања да бидете ни риба ни девојка“ рече Петров во дискусијата со Илија Димовски.

Како што кажа Петров, најлошата услога што може да се направи на државата е да се сведат работите на етничка димензија, бидејќи пописот е статистичка операција.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК