Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Иран има уште една шанса да ги прекине заканите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Иран се многу добри и дека постои многу добра шанса за постигнување договор.

Говорејќи во Мемфис, Трамп рече дека Техеран сака договор и има уште една шанса да ги прекине своите закани кон САД и нивните сојузници.

Тој додаде дека разговорите започнале претходната вечер и ги оцени како навистина добри, нагласувајќи дека Иран се согласил да нема нуклеарно оружје, но дека договорот сè уште треба да се финализира.

Трамп повтори дека САД ги намалуваат воените капацитети на Иран и изрази надеж дека ќе се постигне договор добар за сите, вклучително и за сојузниците на Блискиот Исток и Израел./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поранешен ученик рани најмалку 16 лица со пушка во училиште во Турција, а потоа се самоуби

C +

Претставник на Иран во ОН: Земјите што им помогнаа на САД и Израел во војната да платат отштета

C +

Ракети погодија брод во Оманскиот Залив

C +