Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска прекинува проекти за дечиња во социјален ризик во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска не дозволува стотици деца бесплатно да летуваат и да се социјализираат на летен камп, проект на Здружението за хумано – општествен развој Проект Среќа кој во изминатите неколку години имаше финансиска поддршка од Град Скопје и претходниот градоначалник, соопшти СДСМ.

За жал, оваа година, овој проект за првпат не е поддржан од Град Скопје, бидејќи на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, стотиците вработувања за кои ќе се потрошат 670.000 евра, им се поважни од можноста десетици дечиња од социјално загрозени семејства бесплатно да летуваат.

Ако беше искрена, Арсовска ќе се откажеше од парите за партиски вработувања и ќе ги пренасочеше во проекти кои значат помош на граѓаните. Ваквото однесување на Арсовска е показател за нула чувство за одговорност кон граѓаните.

Арсовска како и другите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека не работат во интерес на граѓаните, туку се грижат само за личните и партиските интереси“ додаваат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК