8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Костадиновска-Стојчевска: Девет чувари во музеј се запишале дека се на работа во ист ден за да земат дневници

„Имаше доцнење со платите во културата, но тоа е поради злоупотребите со новиот закон за недела да биде неработен ден. Откривме дека девет чувари биле пишани дека работеле во еден ист ден во музеј“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека културните устаови исто така доцнеле и со административното пријавување за тоа кој треба да работи во недела, како и дека имало одредени недостатоци во однос на теренскиот издаток.

„Со синдикатите се согласивме дека овие утврдени недостатоци ќе бидат адресирани во новиот колективен договор, со цел да се дообјаснат работите за да нема доцнење на платите“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа исто така додаде дека со синдикатите се разговарало и за освежување на кадрдите, како и за реевиденција на тоа кој делува и работи во културата и кој и колку си ги исполнува работните задачи.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +