Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Се грижиме за пензионерите, започнува исплатата на пензиите со илјада денари финансиска помош

СДСМ покажува вистинска грижа за пензионерите. Започнува етапната исплатата на мартовските пензии за околу 330.000 пензионери, се вели во соопштението од СДСМ.

Секој пензионер дополнително ќе добие и 1.000 денари помош во справувањето со последиците од кризата, кои можат да се искористат за купување основни намирници или плаќање сметки, а оваа финанскаска помош ќе трае во следните три месеци.

Одговорните поликити на СДСМ обезбедија стабилност на пензискиот фонд, континуиран раст на пензиите и нивна навремена исплата.

Во последните четири и пол години со СДСМ пензиите се зголемени за над 2.000 денари, а веќе од септември следува ново историско највисоко покачување на пензиите, благодарение на новата методологија.

Продолжуваме со вистинска грижа и заштита на стандардот на граѓаните. Повеќе пари во семејните буџети и поддршка на домашната економија се приоритетите од кои се води СДСМ, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК