Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

153 сообраќајни прекршоци во Скопје, 32 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возач почетник, три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за прекршоци што ги чинат мотоциклистите, 48 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК