Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Русија ќе им воведе визи на непријателските земји, меѓу кои и Македонија – Нова одлука на Путин

Русија се подготвува да воведе визи за граѓаните на земјите кои се окарактеризирани како „непријателски“. Ова го соопшти министерот за надворешни работи на таа земја Сергеј Лавров.

– Се подготвува декрет за одмазднички мерки од визен карактер, со кој ќе се ограничи влезот во Русија на граѓаните на „непријателските земји“.

Инаку, руската влада претходно го одобри списокот на држави и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, нејзините граѓани и компании, пренесува Тасс.

Освен Црна Гора, на листата се и САД, Канада, земјите од ЕУ, Велика Британија, Украина, Швајцарија, Албанија, Андора, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Северна Македонија, како и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.

Сепак нејасно е за Македонија, бидејќи Македонците ионака мораа да вадат визи за да одат во Москва.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК