Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСвест

Битиќи: Чудно е да се најавуваат штрајкови кога не е исплатена ниту првата зголемена минимална плата

„Зачудувачки е за нас што се најавуваат штрајкови, кога пред само месец и половина се договоривме за растот на минималната плата. Ние се договориме дека дијалогот ќе продолжи во сите ресорни министерства и никој не кажа дека не сака да преговара“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 по повод најавите за штрајк за усогласувањето на минималната плата.

Тој повика сите да се придржуваат до договореното и додаде дека не е можно усогласување на сите плати во јавниот сектор за еден ден.

„Ако ни била заедничката констатацијата дека член 8а од Законот за минимална плата дава рок од 6 месеци за усогласување тогаш да се испочитува тоа. Се уште не е исплатени ни правата плата според новиот закон“ рече Битиќи.

Тој додаде дека Владата ќе го почитува членот 8 и дека ќе има усогласување на платите, бидејќи тоа е доблесно, но исто така кажа дека потребно е прилагодување на плановите поради почетокот на војната во Украина и влошувањето на економската и енергетската криза.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК