10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Битиќи до синдикатите: Не бегајте, ајде да продолжи дијалогот – уцената на улица не е решение

„Ве молам претставувајте ги работниците и дојдете седнете, вратете се на маса. Улицата не е решение, дојдете преговарајте и бидете солидарни“ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во дебатата со синдикатите на ТВ24.

Тој додаде дека решение единствено може да се постигне преку дијалог на економско-социјалниот совет.

„Тенденција на раст на платите има во сите сектори. Ние не бегаме од покачувањата. Во период на воена криза, енергетска криза и економска криза, Владата не вели дека усогласувањето на платите нема да се случи, токму затоа и носиме мерки, за доброто на граѓаните“ рече Битиќи.

Тој додаде дека преку дијалог и преговори може да се дојде до решението за усогласување на платите со минималната плата, без разлика дали тоа ќе биде линерано зголемување или нешто друго.