Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

“Летал” над 200, полицијата го “приземји”

Денеска (27.03.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Намалувањето на ДДВ за горивата не дава ефект – цените растат

ДЕСК

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

ДЕСК

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

ДЕСК