18.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Со членството во НАТО се подигнаа дигнитетот и стандардот на професионалните војници

„Ако претходно на оглас за 200 војници се пријавуваа 50 до 70 кандидати, денес за 200 места се пријавуваат 2000 кандидати, затоа што стандардот им е повисок, соодветно се опремени и облечени, имаат соодветни тренинзи, севкупниот дигнитет на професиојата професионален војник е подигнат“ изјави експремиерот Зоран Заев во документарниот филм „Патот до НАТО“ подготвен од Нексус.

Тој додаде дека убаво е и чувството на војниците кои учествуваат рамо до рамо со сојузниците во мировните мисии.

„Тоа е нешто кое што за секој еден поединец, веројатно така и за нашите војници, останува траен животен печат со кој што можат да се пофалат на внуци, на деца во иднина за нивото лично искуство“ рече Заев.

Експремиерот додаде дека нашите војници денес учествуваат во вежбите на НАТО, учествуваат во најмодерните академии и школи и придонесуваат за светскиот мир.