Centar.mk
БИЗНИС

Гајдарџиски од регионалната конференција за енергетика: Македонија е лидер во енергетската транзиција

Директорот за развој и инвестиции на АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски, учествуваше на регионалната конференција за енергетика ,,Самит за енергетската иднина” што се одржа во Требиње.

На панелот насловен ,,Патиштата и динамиката на транзиција на електростопанствата од регионот” директорот Гајдарџиски ги изложи проектите во обновливи извори на АД ЕСМ и планот за идни инвестиции кои се во правец на движење на државата кон зеленото сценарио во производството на електрична енергија, а кои имаат голема поддршка од европската Енергетска заедница.

Од страна на Гајдарџиски на панелот беше пренесена оценката од ЕЗ дека Република Северна Македонија е лидер во енергетската транзиција и во реформите во енергетиката, вклучувајќи законски решенија услогласени со регулативата на ЕУ, Стратегија за енергетика до 2040, активности кон зелено сценарио и проекти за реализација на сценариото за енергетска транзиција.

Присутните на конференцијата беа запознати дека АД ЕСМ ја менаџира енергетската и топлинската криза во Република Северна Македонија, a во исто време работи и на реализација на инвестициите во обновливи извори на енергија, соопштија од оваа институција.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК