Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Голема воена вежба во Македонија: Наскоро ќе пристигнат 8 воени авиони, 24 хеликоптери, повеќе од 500 воени и цивилни возила за потребите на Swift Response – 22

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата, и донесе одлука за одобрување на влез и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Swift Response – 22“.

Со оваа одлука Владата ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави, на територијата на Република Северна Македонија.

Вежбата „Swift Response – 22“ е дел од вежбата „DEFENDER EUROPE 22“, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО Алијансата и Партнерството за мир, и ќе се изведува истовремено на 5 локации низ Европа.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК