Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 21 возач на товарни моторни возила поради претовар

Во периодот од 1.3.2022 до 22.3.2022, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување товарни моторни возила. Контролирани се 48 возила, при што санкционирани се 21 возач за претовар на возилото, од кои едно од возилата било нерегистрирано, а еден возач управувал и без возачка дозвола.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК